ФК КАМЕНИЦА САСА ПОРАЗЕНА ВО ГОСТИВАР СО 1:0

Македонска Каменица,12.02.2019 година – И покрај добрата игра ФК Каменица Саса е поразена со минимални 1:0 од ФК Гостивар. Домаќините успеаа да поведат дури во 80-тата минута од натпреварот.

Тренерот на ФК Каменица Саса, Томе Петров им даде шанса на сите 20-тина фудбалери од составот и ја искористи шансата во текот на натпреварот дополнитено да ја провери моменталната физичка подготвеност на играчите и степенот во воиграност на тимот.

Следен натпревар за ФК Каменица Саса е веќе во Сабота со екипата на Пирин од Благоевград.

Текстот во целост е преземен од официјалната веб страна на ФК Каменица САСА – Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *