Во инцидентот лекарката се здобила со телесни повреди, а доживеала и психичка траума, поради што побарала неколкудневен одмор.
– Нападот врз нашата колешка се случил во моментот кога ги прегледувала резултатите на пациентите кои требало да примат инсулин. Напаѓачот инсистирал неговата мајка која била примена претходниот ден и уредно згрижена, да добие приоритет, по што ја фатил лекарката за врат во обид да ја задави. Ова не е прв ваков напад врз лекарите во болницата, но е еден од најсериозните досега, рече директорката на Општа болница – Кочани, Борка Панова.
Во знак на солидарност со својата колешка, попладнево лекарите и медицинскиот од болницата излегоа на мирен протест, со барање да добијат поголема заштита. Исто така, ги повикаа и граѓаните за поголема толеранција поради намалениот број лекари и медицински персонал.
Случајот бил пријавен во полиција, по што е направен увид на местоот на настанот, а вработените во болницата очекуваат против сторителот да се преземат соодветни законски мерки.