Уште еден кошаркар на КК Баскет Кам ќе настапи за машката репрезентација на Македонија до 18 години


Македонска Каменица, 13.12.2018 година – Дресот на машката македонска кошаркарска репрезентација до 18 години ќе го облече уште еден член на КК Баскет Кам од Македонска Каменица. Станува збор за 17 годишниот Дамјан Тодосиев од Кочани, кој веќе 5-та сезона ги брани боите на каменички Баскет Кам, како плеј-играч кој секогаш дава свежина на теренот и брзина во играта на каменичани. Во неколку наврати бил дел од поширокиот состав на младинските репрезентации на Македонија, но ова за него претставува најголем успех.

-На моја 12 годишна возраст, за првпат почнав да ги бранам боите на Баскет Кам, што тогаш за мене беше најголемо возбудување и радост. Истото чувство го имам и денес, кога сум дел од репрезентацијата на Македонија, за што голема благодарност упатувам до моите повеќегодишни тренери и ментори во Баскет Кам, Горан Даниловски и Јордан Цветановски, за нивниот несебично вложен труд во мојот напредок во кошарката и мој личен развој како играч. Иако доаѓам од друг град, во Каменица сум како дома, со моите соиграчи и другари функционираме како едно, за што сведочат и нашите успеси постигнати сите години наназад. – истакна младиот Дамјан Тодосиев.

Македонската машка репрезентацина до 18 години ќе патува на меѓународен турнир во Букурешт, каде ќе се сретне со репрезентациите на Романија, Турција, Бугарија и др.

Веќе напоменавме дека дел од женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години, се дури четири кошаркарки на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица: Сандра Раневска, Моника Зафировска, Бојана Попова и Стефани Колева.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *