Учениците од ООУ “Св. Кирил и Методиј” ја одбележаа Неделата на детето

По повод Недела на детето, која се одбележува од 1 до 7 октомври секоја година, ООУ,,Св. Кирил и Методиј” – Македонска Каменица се реализираа низа активности. Во рамки на одбележувањето на оваа Манифестација учениците од прво одделение ја посетија полициската станица во нашиот град.

На одделенските часови на 1 октомври учениците беа запознаени со одредбите од Конвенцијата за правата на децата, програмска активност  која вклучува смена на улоги, во кои учениците беа во улога на наставници, и културно уметничка програма во чии рамки беше прочитано и детското ветување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *