Учениците од каменичката деветолетка постигнаа одлични резултати на Online натпреварите по Биологија и Природни науки

 


Македонска Каменица, 08.10.2020 година – На натпреварите по Биологија и Природни науки за учебната 2019 / 2020 година учествуваа голем број на ученици од ООУ “Св. Кирил и Методиј” – Македонска Каменица. Без оглед на ситуацијата во образованието учениците продолжуваат со упорноста и работата, каде преку online натпреварите постигнуваат одлични резултати.

На општинскиот натпревар по Природни науки кој се одржа во февруари учествуваа учениците: Софија Георгиева, Мартин Митевски и Виктор Миленковски под менторство на наставничката Елизабета Костадиновска, Лука Стојановски, Ева Атанасовска и Ива Стојковска под менторство на наставничката Ана Младеновска, учениците Антонела Велиновска, Лука Ивановски, Андреј Ангелов, Ева Постоловскa, Јана Атанасовска, Марко Милчевски, Софија Ситновска, Лука Стојановски, Стефан Стојчевски, Теона Стојчева, Милена Спиридонова и Сара Захариевска под менторство на наставничката Виолета Накова и учениците Матеј Петрушoв, Јана Димитровска, Филип Тодоровски, Ева Соколовска, Моника Атанасова и Јовица Манасиевски под менторство на наставничката Љупка Ристовски.
На општинскиот натпревар по Биологија учествуваа: Лука Стаменковски под менторство на наставникот Борко Спасевски, учениците: Ања Спасевска, Никола Јефтимовски, Елена Ангеловска, Анастасија Гоцевска, Магдалена Ѓорѓиевска, Алберто Ивановски, Стефанија Стојановска, Елеонора Николовска, Лука Величковски, Зорица Караѓозова, Магдалена Георѓиева, Андреа Ивановска и ученичката Викторија Пелтековска исто под менторство на наставничката Љупка Ристовски.

Дел од учениците освоија награди и продолжија да се натпреваруваат online и на регионалните натпревари – Ања Спасевска, Елена Ангеловска, Анастасија Гоцевска, и Стефанија Стојановска по Биологија, а учениците Софија Ситновска и Ева Постоловска по Природни науки. Дел од нив се пласираа и на државните натпревари – Ања Спасевска освои трета награда на државниот натпревар по Биологија, а Софија Ситновска трета награда по Природни науки. Успех претставува и сертификатот на ученичката Ева Постоловска за учество на државниот натпревар по Природни науки.

Горди на нив да им се заблагодариме на сите ученици што учествуваа на натпреварите и да им посакаме уште поголем успех во иднина на секое поле.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *