Утринско кафе на Ноне Неделковска со “Женски Магазин”

Денот го почнувам мирно и тивко и преферирам првото утринско кафе да го пијам сама, за да можам да си го организиран денот во мисливе. Работа на брод има малку поразлично темпо на живот, секој ден ми започнува во некој друг град, со тоа доаѓаат и различни обврски.

Ме мотивираат многу работи, но еве ќе одвојам една од нив. Ме мотивираат препреките во животот. Дневните планови и обврски ми се да ја организирам работата на моето работно место. Најпрво почнувам со потешките задачи и останатите приоритети во текот на денот.

Веќе речиси осум години работам на брод, само што сега имам поголема одговорност како менаџер, не е лесно различни националности и култури да усогласиш да работат со иста енергија, разбирање и почит. Денот ми завршува исто како што ми почнува, се трудам да ја намалам динамичноста кон крајот на денот и да ја поминам вечерта во мирна и тивка атмосфера. Филмовите на Марвел и ДС ми се фаворит за опуштање.

 * Ноне Неделковска, пејачка и менаџер во малопродажба во Duty Free Shops -Harding Retail UK

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *