Утре осмо коло од Втората лига Исток. Саса против Тиквеш за прва победа сезонава

13.10.2017 год.

Утре се среќаваат и екипите од Втората лига Исток. Каменица Саса во Македонска Каменица ја пречекува екипата на кавадаречки Тиквеш. Од овој натпревар екипата на Саса очекува и прва победа во оваа катастрофална сезона за нив. Од седум одиграни натпревари имаат само еден освоен бод и ФК Каменица САСА, буквално е закована на дното од табелата. Последниов период во клубот од Каменица, како последица на лошата игра на клубот во певенството, се случија и неколку смени на раководните и тренерските позиции во клубот. Сега фудбалската јавност и љубителите на фудбалот во градот воопшто очекуваат работите во клубот да тргнат кон подобро и со подобра игра, конечно да бидеме сведоци на првата победа на Саса.

Во другите средби силите ги вкрстуваат: Плачковица и Кожуф ќе се сретнат во Радовиш, Беласица во Струмица ја пречекува Брегалница. Кочански Осогово го пречекува Борец.

Дуелот меѓу Хоризонт Турново и Победа од Валандово нема да се одигра. ФФМ ниту денеска не го отстрани Хоризонт од официјалниот распоред поради неплатената котизација. Можни дефинитивни одлуки по тоа прашање се очекуваат од понеделник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *