утре не очекува врнежливо време – Метеролозите со нова прогнозата за следните денови

Македонска Каменица, 17.04.2021 година –

И утре не очекува врнежливо време – Метеролозите со нова прогнозата за следните денови

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, од утринските часови со повремени врнежи од дожд, а од пладне на места нестабилно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

До понеделник на места врнежите ќе бидат повремено поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа).
На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено денес и во понеделник.

Од вторник врнежите ќе бидат од локален карактер и со помал интензитет, а времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *