Утре започнува со работа првиот „Жито Маркет“ во Македонска Каменица

Големото семејство „Жито Маркети“ доаѓа во Македонска Каменица

Во сабота на 22. Декември, „Жито Маркети“ го отвора 56 маркет по ред во Македонија, прв во Македонска Каменица. „Жито Маркет“ во Македонска Каменица се наоѓа на улица Александар Македонски бр. 1А (кај споменик на Вера Јоциќ).

На површина од 270 метри квадратни, супер маркетот ќе ги понуди сите поволности и бенефиции потребни на потрошувачите од Македонска Каменица и регионот, додека квалитетот на производите и услугата на персоналот ќе бидат во согласност со високите стандарди на компанијата.

Во „Жито Маркет“ ќе бидат вработени 10 лица, сите од Македонска Каменица. Богато снабдениот супер маркет ќе работи од 07:30 часот до 21:00 часот од понеделник до сабота и во недела од 08:00 до 15:00 часот.

Овој супер маркет, покрај врвната услуга на каменичани, ќе им понуди голем избор на производи по пристапни цени и голем број промоции и ценовни изненадувања за редовните потрошувачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *