Успешно реализиран проектот „И старите знаат, и старите можат“ во Македонска Каменица и Виница

Во Македонска Каменица заврши реализацијата на проектот „И старите знаат и старите можат“ кој имаше за цел зголемување на медиумската писменост кај старите лица во општините Македонска Каменица и Виница.
 
Согласно истражувањето на Граѓанските организации „Надеж Норе“ од Македонска Каменица и „ИНИ“ од Виница, кои го реализираа проектот, како што информираше координаторот Марија Ситновска дојдено е до заклучоци дека медиумската писменост и социјалната инклузија на старите лица на социјалните мрежи и интернет просторот е мала.
 
-За таа цел во претходните 6 месеци, преку реализација на 6 работилници и обуки, во рамките на овој проект, се работеше на подобрување на медиумската писменост на старите лица, како и зголемување на нивното присуство на социјалните медиуми. При тоа како партнери ни беа здруженијата на пензионери од Македонска Каменица и Виница. На овие здруженија во рамките на проектот им беа презентирани вештини за препознавање на лажни вести и медиумска манипулација, им беа презентирани начините за нивна што поголема инклузија на социјалните мрежи и на крај беа креирани веб страни на здруженијата, при што им беше одржана и обука за нивно користење и одржување, рече Ситновска.
Освен ова, како што додаде граѓанскиот новинар Зоран Биковски кој беше дел од ова истражување, старите лица ретко знаат да распознаат и лажна вест.
 
Преку спроведување на дистинкција што е тоа вест и информација, како да препознаат лажна вест, самите пензионери се информираат за можностите како да комуницираат со нивните блиски, но истовремено да знаат како правилно да ги искористат информациите кои се околу нив. Во денешно време кога сме опкружени со голем број на информации, а ова е уште една можност за постарите лица или за лицата кои не се доволно млади да можат да разговараат , комуницираат ,пласираат информации и за своите блиски и за самите себе, изјави Биковски.
Инаку, проектот „И старите знаат, и старите можат“ се спроведуваше како грант во рамки на проектот “Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите” чија што цел е Градење капацитети на граѓанските организации за зајакнување на медиумската писменост во земјите од Западен Балкан, кој што прект е финансиран од Европската унија, а во земјите од Западен Балкан, се спроведува од страна на: Македонскиот институт за медиуми, Фондацијата за развој на медиуми и граѓанско општество Медиацентар Сараево, Албанскиот институт за медиуми, Црногорскиот институт за медиуми, Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ) и Новосадската школа за новинарство.
 Финансиските средства обезбедени за реализација на овој грант беа во висина од 3980 евра.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *