УСК „Каменица Спорт“ останува непоразена екипа во Државната училишна лига

Македонска Каменица, 14 Април 2018 година – Женската екипа на УСК „Каменица Спорт“ од Македонска Каменица останува непоразена екипа во натпреварувањата од Државната училишна кошаркарска лига. Тие во текот на изминатите денови остварија две нови победи. Првата против екипата на „Васил Антевски Дрен“ од Скопје која ја совладаа со високи 42:29, а втората победа ја остварија против екипата на „Коста Сусинов“ од Радовиш со 39:12.

Државната училишна лига е натпреварување во кое претежно учествуваат средните училишта од државата. УСК „Каменица Спорт“ од Македонска Каменица, успешно се натпреварува во овој училишен спорт како претставник на среното училиште од нашиот град СОУ „Миле Јаневски- Џингар“. Во досегашниот дел од натпреварувањето „Каменица Спорт“ е непоразаена екипа, што ни дава за право да очекуваме висок пласман и освоен медал во разигрувањето на завршниот дел кој допрва им претстои на овие млади кошаркарки од Македонска Каменица, ученици при СОУ „Миле Јанвески – Џингар“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *