Усвоен буџетот на Општина Македонска Каменица за 2022 година. Буџетот е развоен, според барањата и потребите на граѓаните.

На III (3та) седница на Советот на ЕЛС Македонска Каменица која се оддржа непосредно пред Нова година, на 30.12.2021 година е усвоен Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2022 година. Пред советниците, градоначалникот Димчо Атанасовски истакна дека „буџетот е скроен со многу труд и посветеност, детално анализиран и реален. Приоритет при неговата подготовка биле барањата и потребите на граѓаните, решавање на најгорливите проблеми, како и покривање на сите сегменти од општествениот живот, без исклучување на било кој. Основниот буџет изнесува 166,2 милиони денари, од кои за капитални инвестиции ќе бидат одвоени 89,9 милиони денари“.

За 2022 година се подготвуваат неколку значајни проекти кои дополнително ќе бидат промовирани пред јавноста и кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот во Македонска Каменица.

Дополнителни средства и реализација на проекти ќе бидат побарани и од домашни и странски фондови, организации и компании за што веќе се подготвуваат проектни апликации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *