Убедлива победа за ЖФК Каменица САСА против Шкупи во Скопје

Во рамките на Купот на Македонија, актуелниот шампион и моментален лидер на Прва ЖФЛ, тимот на ЖФК Каменица Саса среде Скопје славеше убедлива и сигурна победа против Шкупи во рамките на 1/8 финалето, на кој што се игра само еден натпревар.

Натпреварот во купот се одигра во фер и коректна атмосфера, каде што најзаслужни за гостинската победа беа Пале Николовска која беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа: Ана Димитровска, Марјана Нацева, Рабиа Дервиши и новото зимско засилување Драгана Костова која дојде од ЖФК Деспина од Прилеп, а тоа е воедно и нејзин деби гол за клубот. Сега шампионот ја чека ждрепката за 1/4 финалето во Купот на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *