УБАВА ВЕСТ: Кадетската репрезентација на Македонија против Црна Гора ќе игра во Македонска Каменица

Кадетките ја пречекуваат Црна Гора

Женската кадетска репрезентација во наредните два дена ќе ги одигра првите пријателски натпревари во рамки на подготвителниот период пред настапот на Европското првенство (Б дивизија) во соодветната возрасна категорија за девојки до 16 години. Во Македонска Каменица, каде тренираат девојките предводени од троецот Даниловски-Димов-Деловска, ќе гостува кадетската женска репрезентација на Црна Гора. Ќе бидат одиграни два натпревари, закажани за утре (среда) со почеток во 18:30 часот односно за ден потоа (четврток) со почеток во 12:00 часот.

„Подготовките се одвиваат според планот, играчите се посветени максимално и претходниот период посветивме внимание на физичката подготвеност, а деновиве вклучивме и тактички елементи за претстојните пријателски натпревари. За овој почетен десетдневен период изработивме многу, атмосферата е одлична, изваден е максимум од играчите. Во однос на натпреварите, важно ни е играчите да соработуваат, да се запознаат кошаркарски и да играат на високо ниво. Резултатски воопшто не ни е важно, ќе дадеме шанса на сите играчи да ги видиме можностите на сите и најважно – да нема повреди со цел комплетни да продолжиме со подготовките “ – вели селекторот Горан Даниловски за генерацијата 2006/2007 за која ова Европско првенство ќе биде прво големо натпреварување.

По пријателските натпревари против Црна Гора, кадетките ќе продолжат со тренажен процес до 10. август кога ќе ни гостува соодветната кадетска женска селекција на Бугарија.

Европското првенство (дивизија Б) ќе се одигра во Подгорица, во периодот од 18. до 27. август.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *