Турчин на 70 години дебитираше за новиот клуб

Турчин на 70 години дебитираше за новиот клуб

Шериф Кунт, иако ја почнува осмата деценија на животот, нема намера да се откаже од фудбалот, а вчера дебитираше за својот нов клуб Кизилтепе Генчлербирлиги, кој настапува во една од аматерските лиги на Турција

Кунт го засили тимот на Кизилтепе пред неколку денови, а претходно настапувал за Карачај Генчликспор. Напаѓачот кој веднаш за добил капитенската лента одиграл 75 минути за новиот клуб, а истакна дека е среќен поради дебито.
Веќе 55 години играм во аматерска конкуренција и сум среќен. Минатата година играв за Карачај, сега сум во нов клуб. Не можев да ја одбијам понудата и одлучив да бидам пример на младите играчи. Дебитирав и задоволен сум од настапот“, изјави Кунт кој додаде дека со ова сака да прати порака до младите луѓе кои го сакаат фудбалот и спортот, затоа што фудбалот и спортот не познаваат години. Важно е „тоа” да го имате во својата душа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *