Турчин на 70 години дебитираше за новиот клуб
Кунт го засили тимот на Кизилтепе пред неколку денови, а претходно настапувал за Карачај Генчликспор. Напаѓачот кој веднаш за добил капитенската лента одиграл 75 минути за новиот клуб, а истакна дека е среќен поради дебито.
„Веќе 55 години играм во аматерска конкуренција и сум среќен. Минатата година играв за Карачај, сега сум во нов клуб. Не можев да ја одбијам понудата и одлучив да бидам пример на младите играчи. Дебитирав и задоволен сум од настапот“, изјави Кунт кој додаде дека со ова сака да прати порака до младите луѓе кои го сакаат фудбалот и спортот, затоа што фудбалот и спортот не познаваат години. Важно е „тоа” да го имате во својата душа.