Турнир во баскет (3 х 3) – Streetball Kamenica 2k22 на 20 и 21 Август

Во Македонска Каменица се организира турнир во баскет (3 х 3) – Streetball Kamenica 2k22

Турнирот ќе се одржи на 20 и 21 август на Повеќенаменското спортско игралиште пред гимназијата „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица.

Учество на турнирот може да земат сите рекреативци и љубители на кошарката. Пријавувањето започнува денес, а ќе трае до 17 Август, односно додека не биде исполнета бројката од 16 екипи. Екипите ќе бидат поделени во 4 групи. Екипите треба да се состојат од 3+1 играчи, а за учество се плаќа котизација во вредност од 2000 денари.

Најуспешните три екипи ќе добијат награди од:

  1. место – 40 000 денари
  2. место – 20 000 денари
  3. место – 10 000 денари

Многу забава и дружење во текот на одржувањето на турнирот со програма која вклучува настапи на DJ.

Контакт за пријавување и информации:
Васко Десподовски – 071 371 382
Горан Ристовски – 070 786 000
Гоце Стојановски – 078 566 469

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *