ТРЕТО МЕСТО ЗА ЈУНИОРКИТЕ НА „БАСКЕТ КАМ“ НА Ф4 ТУРНИРОТ

Кошаркарките на Баскет Кам го освоија третото место на завршниот турнир од возрасната категорија до 18 години откако на натпреварот за трето место ги совладаа врсничките од Шкупи со 61-47.

Јуниорките од Македонска Каменица беа во резултатска позитива уште од почетокот на натпреварот, но кошаркарките од Скопје не се предадоа предвреме. До крајот на првиот период избраничките на Енвер Мифтари ја намалија негативата до девет поени, но во вториот дел не успеаја да ја анулираат во целост.

Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК додека натпреварот може да се погледне на следниот ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *