Третиот бран на коронавирусот зема замав во Европа

Повеќе од 114,8 милиони луѓе досега биле заразени во светот, а повеќе од 2,55 милиони починале. Скоро од 65 милиони луѓе се опоравиле, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

Како е во Европа?

Италијанската влада нареди затворање на сите училишта во области со висок ризик, бидејќи последните податоци покажаа дека повеќе од 50 проценти од случаите на коронавирусот се поврзани со новиот, многу заразен британски вид, пренесува AFP.

Владата, исто така, ги продолжи ограничувањата за патувања во земјата до почетокот на април.

Третиот бран влијае на многу земји, во Полска во последните 24 часа има 15.698 нови случаи на инфекција, што е најголем број од 27 ноември, изјави заменик министерот за здравство Валдемар Краска.

„Денешните бројки покажуваат дека третиот бран не е само факт, туку исто така можеме да видиме како зема замав. Денес, имаме 15.698 нови потврдени случаи – скоро двојно повеќе од вчера“, изјави Краска за полското радио. Бројот на нови дневни случаи денес е за 29 проценти поголем од пред една недела, и за дури 81 процент поголем од пред две недели, според Министерството за здравство.

Водечки шведски епидемиолог предупреди дека земјата се движи кон третиот бран, бидејќи продолжува ширењето на британскиот сој на вирусот.

Иако Шведска досега избегнуваше заклучување, ги зголеми ограничувањата со поголеми ограничувања на бројот на лица дозволени во трговски центри и поголеми продавници, кои се очекува да бидат воведени.

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе разговара со регионалните лидери за да се разгледаат следните чекори бидејќи сегашното затворање завршува на 14 март.

Како е во светот?

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Америка ќе има доволно вакцини против коронавирусот до крајот на мај.

Тој додаде дека тоа е два месеци порано од очекуваното и дека процесот на вакцинација ќе биде продолжен за да убеди повеќе Американци да се вакцинираат.

Бајден ги предупреди луѓето „да останат будни, бидејќи оваа борба сè уште не е завршена“.

Неговата изјава е во спротивност со одлуките на некои држави кои ги ублажија ограничувачките мерки за враќање на економиите.

Вонредната состојба во Токио може да биде продолжена за уште две недели. Премиерот рече дека продолжувањето е потребно за „заштита на животот и егзистенцијата на народот во Јапонија“. Постои загриженост дека олеснувањето на ограничувањата таму ќе предизвика нов раст на бројот на заразени.

Неколку африкански земји ја добија првата серија вакцини според глобалната шема Ковакс. Кенија во средата прими повеќе од милион дози од вакцината Оксфорд-АстраЗенека, а дозите се доволни за да се вакцинираат 500.000 луѓе во првата фаза. Први во редот ќе бидат здравствените работници, наставниците, полицајците и старите лица.Во Демократска Република Конго, министерот за здравство Етиен Лонгондо во вторникот вечерта беше на аеродромот за да прими 1,7 милиони дози од вакцината на АстраЗенека. ДР Конго очекува да ги прими до на крајот на мај вкупно 6,9 милиони дози. Ангола примила 624.000 дози на вакцина, додека Гамбија доби 36. 000 дози во средата.

Каква е состојбата во регионот?

Земјите во регионот бележат дневно зголемување на бројот на заразени:

Хрватска – 244.205 потврдени случаи.
Досега починале 5.555 пациенти, а 235,328 се опоравиле.

Словенија – 192.266 потврдени случаи.
Досега починале 3.874 пациенти, а 177.641 се опоравиле.

Босна и Херцеговина – 133.982 потврдени случаи.
Досега починаа 5.174 лица, а 117.396 се опоравија.

Црна Гора – 76.868 потврдени случаи
Починале 1.023 лица, а се опоравија 67.207 лица.
Во вторникот, на 2 март, стапија на сила нови мерки според кои неколку градови во Црна Гора ќе бидат „заклучени“, а меѓу нив се Подгорица, Цетиње и Херцег Нови.

Косово – 70.285 потврдени случаи.
Досега починале 1.616 пациенти, а 60.335 се опоравиле.

Во Македонија бројот на заразени од почетокот на пандемијата е 104.548.

Излечени се 92.189, починале 3.156, а како активни случаи се водат 9.203.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *