Трета жртва во сообраќајката на автопатот Штип-Миладиновци, почина и 37-годишна жена. Сообраќајот на оваа делница е во прекин

Се зголемува бројот на жртви во тешката сообраќајна несреќа, која се случи на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар на патарината кај село Кадрифаково. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека од страна на Клиничка болница-Штип добиле пријава дека на тешките телесни повреди подлегнала и 37-годишна жена.

Претходно информиравме дека во судир меѓу две возила на лице место загинаа 15-годишно девојче и 62-годишна жена. Бројката на жртви во сообраќајната несреќа е три, а во моментов во штипската Клиничка болница се хоспитализирани четири повредени лица.

Сообраќајот на оваа делница од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин и сообраќајот се одвива по стариот регионален пат.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ НА КАМЕНИЦА.МК: Во вторник на 06. Јуни ќе се одржи рударско народниот собир во село Саса 1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *