Традиционалната “Ловечка вечер” во Македонска Каменица годинава ќе се одржи на 09. Февруари

Ловното друштво “М.Каменица – САСА” и годинава за своите членови и љубителите на ловот, продолжува да ја организира традиционалната ,,Ловечка вечер”.

Ресторанот САСА е местото кое на 09.02.2019 година, со почеток од 19:00 часот ќе ги собере членовите на Ловното друштво и љубителите на ловот како спорт од Македонска Каменица и поширокиот регион.

За добра забава и одличен амбиент на највеселата вечер за ловчиите од Македонска Каменица покрај подготвената богата лотарија со главна награда “ловечка пушка”, ќе се погрижат одличните “Актив Бенд” и Ивана Наумова како вокален исполнител.

Картите се во ограничен број. Телефонските броеви од лицата за контакт и резервации се приложени на рекламната фотографија подолу.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *