ТППЕ КАМЕНИЦА: ПОЖАРОТ ВО СЕЛО МОШТИЦА Е ЦЕЛОСНО ИЗГАСНАТ

Со доста потешкотии заради засилениот ветар и непристапниот терен, екипите на ТППЕ Македонска Каменица успеаа денес, уште во раните утрински часови целосно да го изгаснат пожарот што вчера беше активен во селото Моштица кај Македонска Каменица.

Нивните екипи беа помогнати од останатите ТППЕ во регионот (Кочани и Делчево), ЈП Камена Река, членови на Ловното друштво од Македонска Каменица и голем број месно население, жители на село Моштица сите во координација на Шумската полиција во градот.

Пожарот беше активен од пладневните часови во текот на вчерашниот ден, но поради брзата реакција на пожарникарските единици, тој успеа да зафати само десетина хектари отворени пасишта и дел ниско стеблеста дабова и борова шума. Причините за предизвикување на пожарот се утврдуваат, истражните органи се на терен. На терен остануваат дел и од екипите на ТППЕ од Македонска Каменица кои ќе патролираат на местото и во наредниот потребен период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *