Тешка сообраќајна несреќа на патот Штип – Велес

Тешка сообраќајна несреќа денес околу 14.00 часот се случи на магистралниот пат Штип-Велес, кај селото Кадрифаково. Од засега непознати причини дошло до судир помеѓу патничко возило Пежо и камион шлепер.

Патничкото возило е речиси уништено и според нашите информации, има тешко повредени, кои се пренесени во велешката болница.

Полицијата е на лице место, а сообраќајот се одвива по една лента.

Очекуваме подетални информации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *