Тешка кражба во Штип

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против Ш.Н. (26) од Штип, поради основано сомнение дека сторил кривично дело  „тешка  кражба“ и против Џ.И.(29) и М.А.(47) двајцата од Штип,  поради основано сомнение дека сториле кривично дело  „прикривање“.

Во временскиот период од 24.01. до 26.02.2017 година првопријавениот со употреба на сила и подобен алат извршил тешка кражба во стан лоциран на улица „Широк Дол“,  сопственост  на  Д.М. од каде одзел  куфер во кој имало пиштол марка „Чешка зброевка М75 “ ,калибар 9 мм, дозовола за  поседување и носење на огнено оружје на име на оштетениот, две рамки за  пиштол со три  крушуми 9 мм и алат за чистење на пиштол ,  плазма телевизор, разновидна женска бижутерија, брусалица и друг разновиден  електричен алат, со што предизвикал материјална штета  од   околку  76.000,00 денари.

Второ и третопријавениот, иако знаеле дека пиштолот марка „Чешка зброевка М 75 “ заедно  со  две рамки  за муниција,  три куршуми од 9 мм  и алат за  чистење на пиштолот се предмет на кривично дело тешка  кражба, го прикриле  кривичното дело  и  второпријавениот, во присуство на третоприајвениот, ги купил наведените предмети од  првопријавениот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *