“Тепкарошите” работат турбо пред почетокот на Суперкупот во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје постапувајќи по претходни сознанија дека непознати лица на интернет портали за он-лајн продажба неовластено нудат, рекламираат и вршат продажба на билети по далеку повисоки цени за престојниот eвропски Суперкуп 2017 помеѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, презеде мерки и активности за откривање на лицата.

Од МВР велат дека е идентификувано едно лице од Скопје, известен е надлежен Јавен обвинител и врз основа на наредба од Основен суд Скопје 1 извршен е претрес во неговиот дом при што пронајдени и одземени се билети кои ќе бидат дадени на вештачење.

Против лицето ќе биде доставен соодветен поднесок до надлежното ОЈО во врска со кривично дело согласно член 277 став 2 (недозволена трговија) од КЗ на РМ.Секторот за внатрешни работи Скопје и понатаму презема мерки и активности за идентификување на други инволвирани лица и поднесување на соодветни поднесоци до надлежно Основно јавно обвинителство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *