Македонска Каменица, 19.03.2020 година – Текстилната конфекција „Текстил – М“ од Македонска Каменица започна со произвоство на висококвалитетни повеќенаменски заштитни медицински маски. Како општествено одговорна компанија првите 100 произведени медицински маски, денес од страна на „Текстил М“ беа доделени за потребите на општина Македонска Каменица.
Од текстилната конфекција најавуваат, дека производството на заштитните медицински маски ќе продолжи, како и поддршката кон заедницата во овие вонредно кризни моменти. Со ова сакаме да помогнеме и преку институциите да допринесеме во спречувањето и ширењето на заразата од коронавирусот.