Теа Митрева – првото домашно засилување во редовите на ЖКК Баскет Кам

Првото домашно засилување во редовите на актуелниот шампион на Македонија и освојувач на Купот на Македонија, ЖКК “Баскет Кам” – Македонска Каменица е Теа Митрева од Кавадарци. Со потписот на двогодишниот договор со 22 годишната Теа Митрева, Баскет Кам го започнува формирањето на скелетот од нивиот тим со кој ќе настапи во WABA лигата и ќе ја брани двојната круна во националното првенство.

Теа Митрева во минатите сезони настапуваше за екипата на Бадел 1862 и стандарден првотимец во националниот тим од 16 до 18 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *