ТАТКО И НЕГОВИТЕ ДВА СИНА НАПАДНАЛЕ ШЕСТ ПОЛИЦАЈЦИ

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три лица кои нападнале шест полициски службеници затоа што повикале пајак служба да острани неправилно паркирано возило,  сопственост на еден од обвинетите.

Обвинети се татко и неговите два сина, кои на панаѓур во населба Шуто Оризари, заедно нападнале и телесно повредиле шестмина униформирани полициски службеници од ПС Чаир. Полицајците заради нормално одвивање на сообраќајот, повикале пајак-служба која пристигнала и пристапила кон отстранување на автомобилот „фолксваген пасат“, сопственост на еден од обвинетите. Тој влегол во возилото, го стартувал и тргнал напред, при што удрил во оштетените полицајци, нанесувајќи им телесни повреди, информираат од ЈОРМ.

  • целосниот текст е на следниов ЛИНК на republika.mk!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *