Татковци и синови кои биле на светските првенства во фудбал

Татковци и синови на светските првенства во фудбал / Photo: AA

Синови по стапките на нивните славни татковци играле фудбал и биле еднакво успешни или дури и поуспешни од нив. Постојат многу интересни детали со досегашни светски фудбалски првенства, вклучувајќи ги имињата на татковците и синовите кои настапуваа на досегашните првенства.

Многу татковци кои играа на светско првенство по некое време имаа можност на мундијалите да ги гледаат и своите синови.

Еден од најпознатите дуа се Чезаре Малдини, кој за Италија играл на СП во 1962 година, а неговиот син Паоло Малдини настапувал на СП во 1990, 1998 и 2002 година. Исто така, Жан Џоркаеф во 1966 година играше на СП во дресот на Франција, а неговиот син Јури Џоркаеф го претставуваше францускиот тим во 1998 и 2002 година.

Пабло Форлан настапуваше за Уругвај на светските првенства во 1966 и 1974 година, а синот Диего Форлан во 2002 и 2010 година.

Некогашниот голман Петер Шмајхел во 1998 година на Мундијалот настапуваше за селекцијата на Данска, а неговиот син Каспер Шмајхел, исто така голман, играше за данскиот тим на СП во 2018 година.

Бразилецот Мазињо играше на СП во 1994 година, а неговиот син Тиаго Алкантара во 2018 година настапуваше на Мундијалот, но во дресот на Шпанија.

Три децении од исто семејство на СП

Хавиер Ернандез, фудбалер на американскиот Лос Анџелес Галакси, го носеше дресот на мексиканската репрезентација како претставник на третата генерација на своето семејство на СП во Јужна Африка одржана во 2010 година.

Ернандез така се најде на Светското првенство 24 години по својот татко и 56 години по дедо му.

Младиот Ернандез исто така играше на СП во 2014 година во Бразил, а неговиот дедо, Томас Балказар, играше на СП во 1954 година, а татко му Хавиер Ернандез Гутереш во 1986 година.

Татковци селектори на синовите

На Мундијалите се забележани и случаи кога татковците беа селектори на своите синови. Некои од примерите се кога селекторот на Италија на Мундијалот во 1998 година бил Чезаре Малдини, а во италијанскиот тим тогаш се најде и синот Паоло Малдини.

Исто така, Златко Крањчар на турнирот во 2006 година ја предводеше селекцијата на Хрватска, а во екипата настапуваше и неговиот син Нико Крањчар.

Уште еден пример е и случајот во тимот на Соединетите Американски Држави (САД) кога на Мундијалот во 2010 година селектор беше Боб Бредли, а во екипата играше и синот Мајкл Бредли.

Извор: macedonian.trtbalkan.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *