Тамара Мавсар и Дијана Илина го облекоа „црвено-црниот“ дрес на Вардар

Од петте нови ракометарки кои треба да го засилат составот на ЖРК Вардар, на првата прозивка во спортскиот центар „Јане Сандански“ присуствуваа Словенката Тамара Мавсар и Белорусинката Дијана Илина. Останатите три, Камила Херем, Мајса Песоа и Александра Лакрабере ќе му се приклучат на македонскиот шампион кон крајот од месецов по завршувањето на Олимпијадата во Рио.

rakometarkite-trgnaa-vo-novata-sezona-03.08.2016-6191

По направените лекарски прегледи, словенката Мавсар се запозна со условите на спортскиот центар и ги одработи првиот тренинг. На почетокот на подготвителниот период Вардарки ќе работат на физичката состојба, а во координација со стручниот штаб главната улога повторно ќе и биде доверена на Марија Лојаница.

rakometarkite-trgnaa-vo-novata-sezona-03.08.2016-6201

Иако се очекуваше позвучно име на централната бековска позција, па дури медиумите лицитираа со имињата на Агилар и руската репрезентативка Дмитриева, вчера од таборот на „црвено-црните“ пристигна веста за новиот плејмејкер во Вардар. Се работи за белорусинката Дајана Илина која оваа сезона треба да му помогне на стручниот штаб предводен од Индира Кастратовиќ да дојде до првото финале во Лигата на шампионките.

преземено од 24ракомет

ФОТО: www.zrkvardar.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *