Тажна вест: Почина авторот на хитот “Love is in the air”

Почина Џорџ Јанг, човекот без кој немаше да постои рок групата AC/DC. Човекот без кој не би ни постоел овој култен рок бенд.

Џорџ Јанг, продуцент и гитарист, починал во 71 година, пренесуваат австралиските медиуми.

Јанг беше најстариот брат на Ангус и Малколм Јанг, а бендот AC/DC соопшти дека „без братот, не би постоела ниту групата“.

„Без негова помош и визија, не би постоела ниту нашата група. Како брат, музичар, текстописец и продуцент, Џорџ беше најпосветениот човек на планетата и најголем професионалец“, стои во соопштението на легендарната рок група.

Роден е во 1964 година во Шкотска, но со семејството како дете се преселил во Австралија.

Со светска слава се стекнал во шеесеттите години со бендот The Easybeats, кој се распаднал во 1970 година.

Јанг подоцна влезе и во Куќата на славни личности на рокенрол музиката.

Тој беше и главен продуцент на старите албуми на AC/DC, како што се TNT, Dirty deeds done cheap и Let there be rock.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *