СЈО: Силвана Бонева со лажни патарини незаконски искеширала 100.000 евра од државата

Специјалното јавно обвинителство објави дека отворило истрага под кодно име „Друмарина“ за патните трошоци на поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.

Обвинителката Фатиме Фетаи соопшти дека осомничената од 25 јуни 2011 година до 16 декември 2015 до собраниските служби поднесувала лажни фискални сметки за патарини. Истрагата на СЈО покажала дека Бонева имала сместување во Скопје, а за тој период доставила сметки за патарини за вкупно 843 патувања со сопствено возило.

„Извршената анализа покажува дека ако патувањата би биле реално направени, осомничената би направила 235.928 км, но според доказите таа поминала 133.520 километри“, рече Фетаи.

Според истрагата Бонева, која е рекордер во наплатен надомест за службени патувања, на овој начин го оштетила буџетот за 5 973.802 денари или 100.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *