Суспензија за полицаец кој си товарел вреќи со пипер без да им плати на продавачите

Еден полицаец е суспендиран од работа бидејќи од продавачи на пиперки си земал полни вреќи без за тоа да им плаќа, дознава телевизија 24 од извори во МВР.

Според информациите, настанот го пријавил негов колега, кој бил сведок на случувањата. По ова полицаецот е суспендиран од работа.

Дополнително, внатрешната контрола, вчера правела контрола во едницата за брзо распоредување и при тоа утврдиле четири случаи на полицајци кои имале алкохол и тие ќе бидат суспендирани.

Контролите се со цел да воведе ред и да се зголеми работната дисциплина – велат од МВР.

Извор: ТВ24

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *