Студенти предлагаат урбанистичко ребрендирање на Кочани

Студенти предлагаат урбанистичко ребрендирање на Кочани

Педесетина студенти од Архитектонскиот факултет претставија 11 идеи за урбанистичко уредување на Кочани: изградба на електрана што ќе ги користи нус производите од преработката на оризот за добивање електрична енергија за јавен транспорт, пренамена на фабриката „Атом“, разубавување на двата брега на реката, нови типски населби…

За Дивна Пенчиќ, нивната професорка од Архитектонскиот факултет, ваквиот начин на визионерско и стратегиско планирање е многу подобар за идното уредување на градот одошто цртање апстрактни линии.

Студентските идеи ги слушнаа и поздравија општинските архитекти.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *