Сторија за Златко Арсовски од Делчево – воен инвалид и активист за еднаквост на инвалидите во општеството

Од воена унформа до инвалидска количка со мисија за еднаквост на инвалидите во општеството, живее последниве 16 години воениот инвалид во пензија 47-годишниот Златко Арсовски од Делчево. Снајперскиот оган на Кодра Фура му го променува животот, па денес врзан за инвалидска количка ,соочен со многу бариери, но со голема поддршка од семејството, тој јавно ја раскажува својата приказна за животот во количка, за да допре до свеста на сите чинители во општеството.

  • Животот во количка е многу тежок. Најтежок е почетокот, затоа што кога ќе бидеш здрав, прав , и на 31 година кога јас настрадав, се ти с е менува од корен до крај. Тешко с е опишува, тешко се живее, вели Златко Арсовски, воен инвалид.

Златко вели дека бариерите со кои секојдневно се соочуваат инвалидите, се и архитектонски, но и законски.

  • Сите тие лица имаат електромоторни колички, но тие колички ги добиваат само лицата кои одат на школување или на работа додека другите лица по некој си закон не добиваат електромоторни колички, вели Златко Арсовски, воен инвалид.

Тој детектирал многу архитектонски бариери пред количките на инвалидите во Делчево, но најболно е што животот на децата инвалиди дополнително им се отежнува поради немањето слух за потребите на овие деца.

  • Најголем проблем е за децата инвалиди, има некои рампи, ама нема соодветни тоалети во училиштата за нив. До домот на културата ниту можеме да стигнеме, ниту до библиотеката, ниту до општината. Сега направија нов клуб за пензионери, а го направија скоро и до него не можат да стигнат пензионерите кои се движат со колички, вели Златко Арсовски, воен инвалид.

Трети декември е ден кога сите се сеќаваме на инвалидите и на лицата со посебни потреби на нивниот живот, но за воениот инвалид, трети декември треба да поттикнува на конкретна акција.

  • Да испратиме апел на овој ден, да се подигне свеста до сите чинители во општината, јавните институции,секој на свое ниво д апридонесува и да се подобри животот на инвалидите. Ние немаме посебни барања, вели Златко Арсовски, воен инвалид.

Го следевме Златко со неговата количка по уште неасфалтираната улица која води до неговиот дом. Неговиот пат е тежок и многу напорен, но волјата која го води овој човек низ животот, треба да даде поттик – да се срушат бариерите.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *