Стефанија Георгиева – ново репрезентативно име од Македонска Каменица

Уште еден доказ дека КК “Баскет – Кам” од Македонска Каменица е голем расадник на млади кошаркарски таленти потврдува и името на младата Стефанија Георгиева. После успешно одиграни три години во младинските категории од М-14 и М-16 во дресот на КК “Баскет – Кам”, таа се појави и во репрезентативните бои на Македонија ( М-14 ). Против репрезентациите на Србија, Шпанија, Израел, Италија, Унгарија, Словенија и Хрватска со просек од 8 кошеви по натпревар таа беше еден од подобрите поединци на турнирот во Словенија, кој всушност е неофицијално младинско ЕП под покровителство на FIBA.

received_186573918421843
Во следната сезона ќе ги брани боите на КК “Бадел” од Скопје во склоп на Јадранската Лига, што е уште еден огромен успех за 14 годишната Стефанија Георгиева. Првенствените натпревари од домашното кошаркарско првенство ќе ги игра за својот матичен клуб од Македонска Каменица, со кој во минатата сезона го освои третото место на државно ниво со просек од високи 15 кошеви по натпревар.

received_186573925088509
За себе вели дека најмногу и лежи играта на позиција број 3 (три), а свој NBA тим за кој навива е тимот на Голден Стејт. Нејзини омилени кошаркари се  Stephen Curry и Ана Дабович од женската кошарка. За љубовта кон кошарката и развојот на нејзиниот талент според неа главни виновници се луѓето кои го создадоа и го водат КК “Баскет – Кам” Јордан Цветановски и Горан Даниловски, односно луѓето кои со својата амбициозност и посветеност во работата, успеаа на голема врата да ја вратат кошарката како спорт број еден меѓу младите во Македонска Каменица.

Ние и посакуваме уште многу репрезентативни настапи со успех под кошевите. Верно ќе ја бодриме во играта и од срце ќе се радуваме на сите нејзини остварени цели во кошарката и животот.

www.kamenica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *