Србинот пронајден мртов во Македонски Брод живеел во Виница

Србин кој живеел во Виница, пронајден мртов во Македонски Брод. Неговото тело, во стан во Македонски Брод го пронашол радовишанец кој веднаш повикал лекар од најблиската приватна ординација, но истиот само можел да ја констатира смртта.

Причините за смртта на Србинот не се познати, но според лекарот кој прв имал контакт со починатиот, на неговото тело немало видливи траги на насилство. Сепак, по налог на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Засега нема информации што точно Србинот работел во Виница и која е причината за неговиот престој таму.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *