Спроведена вонредна дезинфекција на градските улици во Македонска Каменица

 

Македонска Каменица, 29.10.2020 година – Во насока за обезбедување на дополнителна заштита и безбедност на граѓаните од ширење на коронавирусот на територијата на општина Македонска Каменица, вечерва од 21:00 ч. екипи на ЈП “Камена Река” започнаа вонредна дезинфекција на најфреквентните улици и јавни површини во градот, – стои во соопштението објавено на официјалните налози на социјалните мрежи на општина Македонска Каменица. Во продолжение на истото се вели: Дезинфекцијата спроведена како една од препорачаните мерки за спречување и заштита од коронавирусот се врши со раствор од хлор. Според однапред утврдениот распоред и диманика, вечерва беа третирани сите фреквентните улици во градот.

Со оглед на новонастаната ситуација и покачениот број на позитивни случаи, како во државата така и во општина Македонска Каменица, во утринските термини е закажан вонреден состанок на Општинскиот штаб за заштита и спречување на ширењето и заразата од Ковид 19. На состанокот, се очекува утврдување на начините и динамиката на спроведување на најновите мерки, протоколи и препораки од Владата и медицинските власти во борбата против Ковид 19.

Линк до фотогалерија:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3957981020882878&id=1249250158422658

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *