Македонска Каменица 11. 07.2019 година – Општина Македонска Каменица соопшти дека денес беше реализирана акција за заловување на кучињата скитници во централното градско подрачје.
Заловени се 9 кучиња скитници од страна на ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово – компанијата која на основа на претходно склучен договор за услуги треба да ја спроведува законската постапка за нивно соодветно третирање.
Од општината најавуваат дека ќе има уште неколку акции за заловување на кучиња скитници во градското подрачје и поголемите населени места во општина Македонска Каменица.
Кучињата денес беа заловувани на неколку локации во градот и во неколку населени места.