СПАД “Царев Врв – Руен” го посети семејството на херојот Миле Јаневски Џингар по повод 51 година од неговото раѓање

Денеска, по повод 51 година од раѓањето на херојот Миле Јаневски Џингар, претставници на Спортското планинарско алпинистичко друштво “Царев Врв – Руен”, заедно со група граѓани го посетија семејството Јаневски во родната куќа на нашиот херој во село Костин Дол.

При посетата, во знак на почит кон ликот и делото на херојот Миле Јаневски Џингар, на фамилијата им беа врачени скромни подароци од спортски дресови со обележја на Спортското друштво од Македонска Каменица.

По тој повод, претседстелот на СПАД “Царев Врв – Руен” Димче Велков, даде кратка изјава во која вели дека “Денес, нашиот сограѓанин и народен херој Миле Јаневски -Џингар, кој го положи својот живот за Македонија,  ќе беше веќе во зрели години. Во најубавите години од својот живот”.
Овде сме, заедно со неговите најблиски, на скромен начин да го одбележиме неговото раѓање и да оддадеме почит кон неговото дело” – додава Велков

Минатата година, по повод 50 години од раѓањето на нашиот херој Миле Јаневски Џингар се одржа 10 километарска трка во природа, од местото на неговото раѓање до споменикот во Паркот на Борците во Македонска Каменица. На трката имаше над 100 учесници од цела Македонија, меѓу кои дел од учесниците беа и негови колеги, другари и роднини.

Миле Јаневски Џингар е припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во масакрот кај Вејце.

Вечен роденден хероју!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *