СО ШОУТО „TWO MOTHERS BROTHERS VOL.2“ ЗАПОЧНА T.S.O.K. 2018

Со настапот на Никола Тодоровски и Стрезо Стаматовски и нивното стенд ап кабаре шоу „Two Mothers Brothers vol.2“ започна четвртиот True Sound of Kamenica Festival.
Полната сала во Домот на култура во Македонска Каменица имаше можност да проследи неверојатно комичен коментар за денешницата, за нашиот закоравен менталитет, за разорното дејство на политиката и на медиумите, за супериорните и подчинените, за иднината на нашите деца, впрочем за се што е актуелно во моментов во Македонија. Грижливо избраните мелодии со комични текстови изнудија дополнителни насмевки кај публиката.

Овој настан беше реализиран со поддршка од КИЦ „Романса“ и општина Македонска Каменица, а приходот од влезници ќе биде дониран во хуманитарни цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *