Со „Сообраќајни патроли“, општина Македонска Каменица ќе ја подобрува културата кај возачите

Општина Македонска Каменица започнува со спроведување на акции за зголемување на сообраќајната свест и подобрување на сообраќајната култура. Во наредниот период ќе започнат да функционираат т.н. „Сообраќајни патроли“ кои ќе бидат составени од вработени во општинската администрација, припадници на МВР и ученици од СОУ „Миле Јаневски Џингар“. Патролите ќе имаат советодавна улога и преку промотивни материјали ќе се обидат да делуваат за почитување на сообраќајните правила и прописи.

Целта на овие акции е да се подигне културата и етиката кај граѓаните за одговорно учество во сообраќајот, но и да се поттикне локалното население активно да се вклучи во општествените процеси за креирање на општество со високо ниво на сообраќајна култура и издигнување на безбедноста во сообраќајот како највисока општествена вредност.

Општина Македонска Каменица апелира до сите граѓани, а особено во периодот на Новогодишните и Божиќните празници, да се однесуваат одговорно, да ги почитуваат  правилата за учество во ообраќајот и сите заеднички да допринесеме за побезбеден град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *