Со “Ленд Ровер” излетал кај Штип

На 09.04.2018 година во 06,50 часот на регионалниот пат Пробиштип-Штип во близина на раскрсницата кај с.Крупиште, патничко моторно возило “Ленд ровер“ со штипски регистерски таблици управувано од Г.С.(25) од Пробиштип излеталo од коловозот.

Со возило на итна медицинска помош Г.С. бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип бил извршен увид.

Се работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *