Со инспектори против дивите сејачи на ориз во Кочанско поле

Инспекции ќе ги ловат дивите сејачи на ориз во Кочанско. Тимови од Водостопанство веќе се на ретен и ќе проверуваат колку полиња и каде се посеани со ориз, а не се опфатени со планот за навоснување за оваа година:

  • Сеидбата е завршена, а инспекторите се на терен и ќе ги казнуваат сите оние кои сеат надвор од планот за наводнување, кажа Николче Гоцев, дир. на ВС „Брегалница“ .

Ваквата реакција на Водостопанство доаѓа откако на терен се појавија многу кражби на вода и сеидба и на оние делови каде не би требало да ја има:

  • Во уларскиот дел е забрането сеењето, површините се одбиени, ама многумина сеат, вели оризопроизводител од с. Кучичино.

Хаосот на оризовите полиња во Кочанска настана откако поради големата суша и нискот водостој на браните, наместо планираните 5.000 ХА, површините се намалија на 2.500.

Очекувано, земјоделците кои живеат само од производство на ориз не седеа со скрстени раце, па планот за наводнување си го направија по свое. Сега сите тие се соочуваат со големи казни, па крајот од сезоната можат да завршат и без ориз и без пари.

Инаку, според информации од Водостопанство, сеидбата на ориз на планираните површини согласно Годишниот план за наводнување е целосно завршена.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *