Со државни пари ќе се градат градинка во Штип и мост на Брегалница во Делчево

 

Два проекта вредни 73,5 милиони денари ќе се реализираат во општините од Истокот со поддршка од Бирото за рамномерен регионален развој.

Првиот проект е детската градинка во Штип чија вредност е проценета на 36 милиони денари од кои 20 милиони дава општината, а 16 Бирото.

Вториот проект се однесува на изградба на пешачки мост на Брегалница во Делчево, проект вреден 7,5 милиони денари, од кои 2,5 милиони се обврска ан општината, а 5 ќе се исплатата од Бирото.

Освен овие два, како позитивни се оценети и  проектите за енергетска ефикасност на општинските институции во сите 11 општини и изградба на улица во индустриската зона Чуката во Пехчево, но тие се ставени на листа на чекање.

Вкупно, годинава од осумте плански регини до Бирото за рамниомерен регионален развој пристигнале 197 проекти:

  • Најголемиот број на проекти се инфраструктурни, она што во моментов им е најпотребно на граѓаните, како и подготовка на техничка документација за да можат планските региони да аплицираат за поголеми средства преку донаторски програми или преку ИПА инструментот на Европската Унија, истакна Сухејл Фазлиу, министер за локална самоуправа.

Одобрени се вкупно 104 проекти, за кои државата издвои 280 милиони денари:

  • За реализација на проекти за развој на осумте плански региони издвоени се 70% од вкупните средства од Програмата или 195,5 милиони денари, со кои ќе се поддржат 27 проекти. Дополнително, за проекти за специфични подрачја наменивме 20% од средствата или 56 милиони денари со кои ќе се поддржат 45 проекти, а за проекти за развој на селата, 10% или 28 милиони денари со кои ќе се реализират 32 проекти, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања.

Во периодот што следи,  можно е да има нова распределба на средства за регионите, како резултата на интенцијата парите за капиталните инвестиции, да бидат распределени рамномерно. Годинава, за оваа намена се предвидени над 400 милиони евра.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *