Со богата културно-уметничка програма ООУ „Св. Кирил и Методиј“ го одбележа својот патронен празник

Македонска Каменица 24.05.2018 година – ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица со пригодна културно-уметничка програма и редица училишни спортски натпревари го обележа својот патронен празник. Активностите околу празнувањето поврзани со ликот и делото на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј траеа неколку денови, а започнаа со ликовна изложба во Дом на култура во Македонска Каменица. На ликовната изложба на која учествуваа учениците од прво до деветто одделение, без изложени цртежи со тематска содржина поврзана со празникот на училиштето. Со свои дела, гости на изложбата беа и ученици од СОУ„ Миле Јаневски Џингар“ од Македонска Каменица. Учениците со најдобрите изложени цртежи добија соодветни награди и признанија од училиштето.

Во Домот на култура се оддржа и пригодна културно-уметничка програма изведена од учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица. Дел од репертоарот беа настапот во ритмичка гимнастика на Елвира Јангеловска, повеќекратен победник во оваа дисциплина на повеќе државни, балкански и европски натпреварувања, театарската претстава „Бегалка“, како и повеќе музички точки и тематски рецитали.

По повод патрониот празник беа оддржани и традиционалните спортски игри помеѓу учениците. Фудбал-турнирот го одиграа учениците од петто до деветто одделение (машки), а нивните врснички учествуваа во женските ракометни натпревари . Победниците во овие одделни натпреварувања добија награди за освоено прво и второ место. Традиционално, како и секоја година беше одигран и меѓусебниот натпревар помеѓу наставниците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“.

Во склоп на празнувањето, беше приреден и скромен коктел, во кругот на училиштето за наставниот кадар и вработените, од кој дел беа и поканетите гости при останати образовни и просветни институции во градот, како и редица останати гости од општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *