СОУ „Миле Јаневски Џингар“ даде Отчет за реализираните проекти во 2018 година

На официјалната фејсбук фан страна, СОУ „Миле Јаневски Џингар“ од Македонска Каменица ја окарактеризира годината што изминува како мошне успешна и објави Отчет за реализираните проекти во 2018 година.

Ова се реализираните проекти за 2018 година:

-опремен кабинетот по информатика со 16 нови компјутери,
-набавени се нови лап топ компјутери за беспрекорно одржување на наставата,
-опремени училници со телевизори преку кои се врши настава на учениците,
-набавен е разгласен систем
-од самото осамостојување за прв пат се изврши белење на сите училници,
-реновирани три училници со спуштање на плафони (се со цел да подобро затоплување на училниците),
-направена е летна училница за час во природа,
-реновирање и проширување на наставничката канцеларија и преуредување со нов инвентар и ламинат,
-набавка на автоматска машина за рибање и сушење на под,
-набавка на наставни помагала и книги во библиотеката,
-оградување на спортското игралиште во дворот на училиштето,
-нова ПВЦ врата кај малата спортска сала.
СИТЕ ОВИЕ ПРОЕКТИ СЕ ФИНАСИРАНИ ОД БУЏЕТОТ НА СОУ “МИЛЕ ЈАНЕВСКИ ЏИНГАР”

Во соработка со Рудник САСА и Општина Македонска Каменица реализирани се следните проекти:
-Реконструирано спортско игралиште( школски двор),
-Комплетно опремени 5 училници (нови клупи, столови, телевизори, компјтери и бели табли),
-довршено е оградувањето на целиот училишен двор.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *