СОУ “Миле Јаневски Џингар” ги објави термините за прием на ученици и почеток на новата учебна 2022/23 година

Од СОУ “Миле Јаневски Џингар” Македонска Каменица известуваат дека учебната 2022/23 година, ќе започне во четврток, на 01. Септември 2022 година.

Од училиштето известуваат дека, наставата за учениците од втора до четврта година ќе започне во редовниот термин, од 07:45 часот.

Приемот на ученици запишани во прва година ќе биде во училишниот двор во 08:00 часот.

На сите ученици, од училиштето, им посакуваат успешен почеток на новата учебна година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *