СОУ “Миле Јаневски Цингар” набави нова и современа опрема за следење на настава

Македонска Каменица, 03.02.2021 година – СОУ „Миле Јаневски Џингар“ не престанува со проектите за модернизација и подобрување на условите за работа и престој училиштето.
Овој пат, целосно е опремена модерна училница наменета за презентации и одржување на настава според најсовремени наставни методи. Училницата е опремена со интерактивна Смарт табла и ЛЦД проектор. Новитет кој им овозможува на професорите и учениците примена на нови и современи иновативни наставни техники. Примената на овој тип настава овозможува збогатување на образовниот процес со мултимедијални содржини, користејќи ги алтките кои доаѓаат заедно со специјализираниот софтвер наменет за оваа табла.

Комплет училницата е опремена со средства од буџетот на училиштето.
За потребите на стручното образование интерактивна табла е поставена и во рударскиот кабинет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *