СОСТОЈБАТА Е КРИТИЧНА, ПОЖАРНИКАРИТЕ БАРААТ ПОМОШ

 

Борбата со огнената стихија надвисната над градот пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица ќе ја продолжат и во текот на ноќта. Тие упатуваат уште еден јавен повик и апел до сите жители на општина Македонска Каменица, да им се приклучат во акцијата.

Помош е потребна од секој!

Време на тргнување: 05:00 часот наутро

Зборно место за тргнување: Противпожарната станица во Каменица

Со себе, доколку сте во можност земете лопати или гребла и соодветна гардероба.

Екипите составени од пожарникари, вработени во шумска полиција, комунално претпријатие и голем број на веќе пријавени совесни граѓани остануваат на терен во обид да ја стават ситуацијата под контрола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *